За Премиум Ауто Зентрум

Компанијата е формирана поттикната од страста кон автомобилите на тимот кој стои зад неа. Заеднички заклучивме дека страста кон автомобилите никој не може и не смее да ја ограничи само на еден бренд. Затоа, сакаме пред клиентите да претставиме еден нов концепт на продажба на луксузни и премиум автомобилски брендови.

Веќе не треба да ја напуштите државата за да добиете премиум или луксузен автомобил. Премиум Ауто Зентрум постои за да Ви го доближи светот на луксузните автомобили.

Оној кој има страст за автомобили, не може и не смее да ја задоволи само со еден бренд на автомобили.

Поентата е на нашите потенцијални клиенти да им овозможиме се она што значи луксузно и премиум возило во светски рамки, но не само да им го продадеме, туку да стоиме зад нив, да овозможиме редовни сервиси и одржување за комплетно уживање.

Мисија

Премиум Ауто Зентрум создаде концепт на продажба на автомобили во кој Вие сте тие кои ја имаат апсолутната слобода да го одберат автомобилот според својот вкус и желби.

Кај нас, не функционира вообичаениот начин на продажба на автомобили. Но, ако веќе сте не посетиле, тоа значи дека вие не барате вообичаен автомобил.

Сигурни сме дека ќе ги исполниме желбите и на најпребирливите, бидејќи не сме ограничени со брендовите. Кај нас, никогаш нема да го видите продавачот кој ќе се обиде да Ве убеди да го купите брендот за кој тој работи. Напротив, кај нас, продавачот се води од Вашите желби и страсти за да Ви го обезбеди автомобилот кој најдобро ќе ви „легне на душа“.

Визија

Идеата е едноставна и прекрасна: клучевите од Вашиот автомобил од соништата, што е можно побргу да се најде во Вашите раце!

Премиум Ауто Зентрум ќе Ви го обезбеди она кое го посакувате, секогаш во рекордно брз рок. Иако сме сигурни дека автомобилот кој го барате, веќе се наоѓа изложен во нашиот салон, доколку тоа не е случај, повторно ние ќе бидеме тие кои најбрзо ќе ја остварат Вашата желба.

Извонредната мрежа на контакти низ цела Европа и досегашното долгогодишно искуство во авто-бизнисот, ни овозможува брзо и ефикасно да го обезбедиме автомобилот кој Вие ќе го посакате.

Вредности

Доволен доказ дека сме сериозни во она кое го работиме е постојаното присуство на преку 20 луксузни и премиум модели на автомобили на лагер во нашиот салон.

Секој наш клиент е посебен и кон секого приоѓаме со уникатен пристап сакајќи да излеземе во пресрет на секаков можен начин.

Ние не чекаме некој да посака, па да се обидеме да ја исполниме желбата – ние  обезбедуваме најлуксузните и најпрестижните автомобили на денешницата да се најдат пред Вашите очи, да го почувствуваат Вашиот допир и да Ве натераат да ги посакате.